„Македонски ракотворби“ - здружение кое ја негува традицијата.


Настани

Организираме и учествуваме на обуки, работилници, семинари, изложби, саеми.

Учиме

Ги пренесуваме нашите знаења и стекнуваме нови.

Креираме

Креираме наши уникатни производи, со цел зачувување на традицијата и развој на културниот туризам и креативната економија.

Различности

Кај нас членуваат граѓани различни по пол, возраст, образование, верска и национална припадност.

Здружението на уметници ракотворци Македонски ракотворби од Битола е доброволна организација, регистрирана на 27.09.2004 год.,во која членуваат граѓани различни по пол, возраст, образование, верска и национална припадност.

Нашата мисија е зачувување, вреднување,афирмирање и презентација на македонската култура и традиција. Главна цел на здружението е обединување, едукација и промовирање на македонските ракотворби во интерес на зачувувањето на традицијата, развој на културен туризам и креативна економија.

Чувари на културата и традицијата...