УНИКАТНИ МАКЕДОНСКИ РАКОТВОРБИ
Наша мисија - зачувување, вреднување, афирмирање и презентација на македонската култура и традиција...

Во срцето на Битола
Наша традиционална манифестација, која се одржува секоја година од 27 јули – 2 август. Главната активност е саем на ракотворби, со учество на ракотворци од цела Македонија, кои со своите оригинални изработки го привлекуваат вниманието на илјадници минувачи и туристи на познатиот Широк сокак.

Win - Win
Проект Жените во мрежа на иновативност и претприемништво. Зголемени знаења и вештини на тема женско претприемништво, со практични примери на жени претприемачи од Грција и Македонија, работилници , студиски патувања и изложби

Smart Start
Неповторлива комбинација на стекнување на нови знаења за социјално претприемништво преку разни видови на обуки со врвни ментори и стекнување на нови пријателства и вмрежувања со организации од различен вид од Македонија и Балканот.
